По разорниот земјотрес во централна Италија, експертите коишто ја следат сеизмичката активност тврдат дека се очекуваат полоши сценарија.Френк Хугербитс вели дека користи распоред на земјотреси со кој се следи сеизмичката активност и дека според сите параметри се очекува зголемување на таа активност.
Претходно месецов, Хугербитс објави предупредување од силни земјотреси по планетата од 20 август до 4 септември, велејќи дека „се очекува силен бран на сеизмички потреси – и треба луѓето да се подготват.“
Земјотресот што ја потресе Италија најсилно се почувствува во градовите Акумоли и Аматриче, како и во планинските помали гратчиња кои се уништени до темел. Загинаа најмалку 240 лица.
Неколку часа подоцна, уништени се храмови во Бурма и четири чица загинале во земјотрес со јачина од 6,8 степени.
Хугербитс тврди дека неговите предвидувања се точни и дека серијата земјотреси го потврдуваат тоа.
Со часови пред земјотресот во Италија, на Фејсбук беа поставувани предупредувања бидејќи три планети имале израмнување тој ден. Една од нив е Земјата.
Хугербитс тврди дека предвидел неколку големи земјотреси во последните две години, вклучувајќи го и големиот земјотрес во Непал, кој минатата година однесе 8.000 животи.
Тој сега тврди дека голем земјотрес ја очекува Америка, поточно дека ќе го погоди западниот брег на САД.
Сеизмичкиот раст почна околу 20 август и амплитудата што го следи сеизмичкиот раст на активностите е во постојан пораст.
Истражувачите тврдат дека планетраните израмнувања влијаат на сеизмичката активност на Земјата, како што Месечината влијае на плимата и осеката. Ваквите теории често предизвикуваат потсмев кај научниците, коишто тврдат дека земјотресите можат да се случат секојдневно и било каде.
Но, Хугербитс од Холандија вели дека неговата студија за сеизмички активности покажала дека постои врска со движењето на небесните тела. Тој тврди дека кога Земјата ќе се најде во израмнување со друга планета или повеќе нив, станува бомбардирана од страна на сили кои би можеле да предизвикаат сеизмички активности.
Тој ги повика геолозите да ја истражат неговата теорија и да се обидат врз основа на неговата теорија да развијат систем за рано предупредување.
„Нема да видите големи земјотреси без распоредот што ги следи односите помеѓу Земјата и Месечината. Научниците не би требале да го занемаруваат големото влијание на електромагнетните бранови што ги емитираат небесните тела. Моја теорија е дека ако сеизмолозите учат за планетарните движења, ќе можат да заштедат време и да спасат илјадници животи.“
Тој најави дека две големи израмнувања ќе се случат на 29 август, а 30 август е вториот можен датум за земјотрес со јачина преку 8 степени.
„Ризикот ќе биде присутен до 4 септември. Најважниот рок е од 25 август од 04 септември. Планот за земјотреси е подготвен, за секој случај“ – вели Хугербитс.Френк Хугербитс вели дека користи распоред на земјотреси со кој се следи сеизмичката активност и дека според сите параметри се очекува зголемување