Во серијата телефонски повици по смртта на принцезата Дајана, поранешниот британски премиер Тони Блер на тогашниот американски претседател Бил Клинтон му рекол дека принцезата Дајана е „ѕвезда што паѓа“, како и дека постои некоја „матна работа“ околу нејзината смрт.Пред речиси 20 години, поранешниот британски премиер и американскиот претседател во разговор откриле дека се загрижени за иднината на принцевите Вилијам и Хари.
Транскрипт од телефонски повици од 1997 година го открива блискиот однос помеѓу двајцата лидери, многу години пред Блер да дојде на власт, јавува „Би-би-си“.
По смртта на принцезата Дајана во август 1997 година, Тони Блер му се јавил на американскиот претседател и му признал дека принцезата „лично ќе му недостига“, а понатаму во разговорот наведува дека таа е како „ѕвезда што паѓа“ и додал дека таа била ѕвезда за сите нив.
Клинтон му изјавил сочувство на Блер поради смртта на Дајана, а Блер му одговорил „Тоа е матна работа, многу матна работа“.
Клинтон: „Грозно е навистина. Во моментот сме во Мартас Винјард на одмор и овде има многу луѓе кои ја познаваа“.
Блер: Се видовме пред неколку недели кога ручавме заедно со принцот Вилијам, тој е сјајно момче.
Клинтон: Да, навистина се грижам поради тие деца.
Блер: Беше толку стабилна фигура, во смисла што децата ја поврзуваа со надворешниот свет. Постариот, принцот Вилијам е многу сличен како неа, стои со нозете на земја, ги прави оние работи кои ги прават децата на негова возраст.
Клинтон: Толку ми е жал за неа. Само што не му се врати на својот живот.
Блер: Проблемот беше во нејзиниот начин на живот, со медиумите кои беа постојано околу неа. Не е можно да се размислува за тоа како беше наметлива во секој аспект на својот живот. Последен пат кога разговарав со неа ми рече дека да не се нејзините синови, одамна не би била тука. Целта држава е во чудо.
Подоцна по тој разговор, Блер и Клинтон разговарале за деталите во врска со сообраќајната несреќа во која загина принцезата Дајана. Претседателот Клинтон го прашал Тони Блер дали телохранителот преживеал и што се случило со папараците. Блер за возачот кажал дека наводно пиел.
Клинтон: Од тоа се плашев. Папараците ги бркале?
Блер: Тргнале по нив откако го напуштиле хотелот, но сѐ уште не можам да поверувам дека репортерите толку брзо оделе зад нив. Невозможно е да се движеле толку брзо, го познавам Париз. Не можеле да возат со таа брзина низ тунелите. Мора да се удриле во нешто на патот, да се превртеле и да удриле во ѕид.
Клинтон: Сето ова е многу тажно.
Пред речиси 20 години, поранешниот британски премиер и американскиот претседател во разговор откриле дека се загрижени за иднината на принцевите Ви