Тони Цетински прегази маж во Ровињ, телото од под автомобилот го ваделе пожарникари

После увидот во Пустата улица во Ровињ ќе појасно дали мажот загинал во сообраќајна несреќа или во прашање е нешто друго. Пожарникарите морале да го кренат автомобилот како би дошле до мажот.Еден маж смртно страдал во Ровињ, а засега не се знае дали последица на неговата смрт е сообраќајна несреќа или нешто друго, јавува Гласот на Истра.
Имено, во ровињската полиција околу 14 часот е јавенот дека автомобил марка Мерцедес, со кој управувал познатиот хрватски пејач Тони Цетински, удрил во тело на маж кој лежел на улицата. Полицијата го осигурала местото на настанот и се чека доаѓање на државен обвинител поради утврдување на сите околности, односно извршување увид после кој ќе биде појасно дали мажот загинал во сообраќајна несреќа или во прашање е нешто друго.
Како што неофицијално дознава Гласот на Истра, пожарникарите морале да интервенираат за да дојдат до телото на мажот. Го кренале Мерцедесот затоа што застанал на телото на несреќниот маж. Улицата каде што била сообраќајката е едносмерна и прилично тесна, така што во неа е невозможно брзо возење.
Еден маж смртно страдал во Ровињ, а засега не се знае дали последица на неговата смрт е сообраќајна несреќа или нешто друго, јавува Гласот на Истра

Пронајдете не на следниве мрежи: