Да признаеме, ретки се оние кои не го сакаат популарното „топло-ладно“ колаче. Крцкава надворешност и течно чоколадо во внатрешниот дел. Сега замислете додаток на путер од кикирики и посегнете по состојките за да почнете со подготовката.Ова е колач со совршен вкус и ви гарантираме дека нема да сакате да го поделите со никого.
Потребни состојки:
1 лажица путер45 g темно чоколадо (по можност со над 70% какао во составот)1 јајце1 лажичка екстракт од ванила2 лажички шеќер1 лажичка брашноПрстофат сол1 коцка темно чоколадо1 лажичка путер од кикирики
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови.
Намачкајте го малиот единечен сад за печење на колачот со путер.
Стопете ги чоколадото и путерот, а потоа додаете го јајцето, екстрактот од ванила и шеќерот.
Добро измешајте додека смесата не стане мазна.
На крајот додадете го брашното и солта и уште еднаш промешајте.
Истурете ја смесата во калапот или садот за печење.
Коцката темно чоколадо ставете ја во центарот на смесата и ставете го путерот од кикирики.
Покријте го путерот со мал дел од смесата.
Печете 7 минути (без отварање на рерната) доколку сакате чоколадото да е многу течно или 10 минути ако го сакате колачето посуво.
Сервирајте со шлаг или топка сладолед. На здравје.Ова е колач со совршен вкус и ви гарантираме дека нема да сакате да го поделите со никого.
Потребни состојки:
1 лажица путер4