Приказната за Живко Ѓорѓиевски или познат како Жиката од Прибилци, кој повеќе години е бездомник, а животната судбина го донесе на демирхисарските улици, ја заинтересира граѓанската невладина асоцијација „Пријатели на Демир Хисар“, макар привремено, да му се обезбеди некаков пристоен живот.- На Жиката треба да му се се најде кров над главата, ако не за повеќе, барем да го презими зимскиот период, да му се обезбедат скромни финансиски средства, облека, обувки, греење…Тој е со умерена интелектуална попреченост, татко му момочи во една приватна сточарска фарма, а мајка му е хоспитализирана во Психијатриската болница. Никој не се грижи за него, има благородни и хумани поединци кои му помагаат на најрзаличен начин, но тоа е неорганизирано, стихијно, недоволно и несоодветно на неговите потреби – вели дипломираниот социјален работник и претседател на „Пријатели на Демир Хисар“ Горан Шундовски. Тој додава дека разговарал со директорот на Центарот за социјална работа Јовче Крстевски кој пак ветил подготвеност за безрезервна поддршка на кампањата за помош на ова младо демирхисарско бездомно момче. Меѓувреме, во заедничка координација, двајцата побарале и оствариле средба со градоначалникот Љупчо Блажевски, и како што велат, поддршката стигнала и од негова страна. Општината е подготвена да обезбеди потребни финансиски средства за набавка на комплетна покуќнина – мебел, прибор, постелнина, печка, плаќање на сметките за потрошена струја и вода и други потреби.
Ова демирхисарско момче судбината го донесе до ова дереџе. Иако има само триесетина години, нема услови за никаква основна животна егзистенција .Изминативе години неколку пати се обидуваше да работи во истата приватна сточарска фарма каде е и неговиот татко,но заради природата на неговата болест сите тие обиди завршија без успех. Така Жиката остана на основната минимална социјална помош која ја добива од Центарот за социјална работа. Неодамна „Пријатели на Демир Хисар“ се погрижи да му отвори на Жиката, лично негова транскакциска сметка од каде тој ќе меже сам да си ја подига социјалната помош, но ова не е доволно. Потребно трајно решение на неговиот проблем за престојувалиште посебно во зимскиот период. Во самиот град Демир Хисар тој е еден и единствен кој заради полесно преживување на зимата, гравитира во самиот град , привремено напуштајќи ја родната куќа во с. Прибилци којашто е во многу лоша состојба, тешко се затоплува, нема вода и струја.
– До неодамна овие пари за социјална помош кои му следуваа на Жиката ги подигаше ополномоштено лице и го снабдуваше со леб храна и намирници, но остана желбата на Жиката да располага и лично со еден дел од тие пари. „Пријатели на Демир Хисар“ ,се ангажираше да се отвори трансакциска сметка на негово име, и сега тие пари Жиката може да ги подигнува од банка. Немаше граници радоста негова кога самиот на шалтерот на банката си ги подигна парите – додава Шундовски, кој од скромност одбива да каже дека невладината органзација излегувала и досега во пресрет на Жиката. Но рече дека Жиката е негов голем личен пријател и чест гостин во домот во Мургашево.
Во групата на основачи на „Пријатели на Демир Хисар“ се и актуелни раководители на познати демирхисарски државни фирми од кои, исто така се очекува да дадат придонес, но нема да биде одбиена било каква и од било кого разновидна употреблива помош. Во моментов, сите активности на „Пријатели на Демир Хисар“ се насочени во правец на изнаоѓање соодветен државен, општински, па и приватен пристоен простор каде што привремено би бил сместен Жиката, а долгорочно, заедно со општината и Центарот за социјална работа ќе се бара трајно решение.- На Жиката треба да му се се најде кров над главата, ако не за повеќе, барем да го презими зимскиот период, да му се обезбедат скромни финансиски