По изложувањето на прекрасните торти во Т.Ц. „Скопје Сити Мол“, свечениот дел од манифестацијата „Тортијада-Слатка мистерија 2016“, продолжи вчеравечер во хотелот „Гранит“.Во убава атмосфера, збогатена и со музички перформанс, беа прогласени најдобрите торти во две категории. Во категоријата „Аматери“, признанието отиде кај три вредни домаќинки, кои се занимаваат со правење слатки и торти.
Светлана Димовска од Гази Баба е победникот во оваа категорија, додека второто и третото место им припадна на Лилјана Јанкуловска и Сузе Ѓоргиевска. Во категоријата „Професионалци“, награди им беа доделени на три афирмирани слаткарници од градот Скопје. „Специјал“ oд Ѓорче Петров е првонаграден во оваа категорија, додека кај „Аромати Чоколади„ од Карпош и „Шехерезада“ од Кисела Вода отидоа втората и третата награда.
Како домаќин на оваа десетта јубилејна манисфетација гостите ги поздрави претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски.
– Голема чест ми претставува што Општина Карпош е домаќин на оваа десетта јубилејна тортијада, и од името на градоначалникот на Општината, сакам да ви се заблагодарам за присуството оваа вечер. Општина Карпош секогаш ги поддржувала манифестациите од хуман карактер и токму од таа причина сме собрани тука. Се надевам средствата кои ќе бидат донирани, ќе му помогнат на еден наш сограѓанин од Карпош, изјави Лазаровски.
Како секоја година, така и оваа, со лицитирање за најубавите торти, беа собрани парични средства, кои ќе бидат искористени во хуманитарна цел. Вкупната сума која беше собрана како донација на општините од градот Скопје и од присутните вечерта е 135.000 денари.Во убава атмосфера, збогатена и со музички перформанс, беа прогласени најдобрите торти во две категории. Во категоријата „Аматери“, при