Апел до сите родители: Ова на секој може да му се случи, па и вам. Внимавајте што прават вашите деца на социјалните мрежи…Девојчиња од Србија на возраст од 13 до 14 години кои за популарност се борат со разголени фотографии по социјалните мрежи ќе бидат сослушани во МВР. Обвинителството за високотехнолошки криминал после пишувањата во „Блиц“ за тинејџерките кои објавуваат разголени фотографии предложи итна истрага, па девојчињата заедно со родителите ќе мораат да одговорат на прашања кои ќе им ги постават инспекторите на МВР за високотехнолошки криминал и педофилија.
Овој тренд се шири низ социјалните мрежи, што за Блиц го потврдуваат и директорите во училиштата, како и социолозите кои истакнуваат дека во оваа приказна се немоќни, бидејќи родителите не им пружаат никаков отпор на децата.
– Во овој случај најмногу ќе помогнат социјалните служби кои мораат да се занимаваат со вакви теми. Ние ќе испитаме дали постојат елементи на вина, особено родителите – вели извор од полицијата.
Профилите на „популарните“ девојчиња полни се со непримерни пораки и фотографии. После текстот во „Блиц“тие се правдале дека фотографиите ги прикачуваат нивните поранешни момчиња, но набрзо сами себе се демантираа.
– Тие доаѓаат во нашето училиште за да се фотографираат и да не викаат на журки кои наводно тие ги организираат. Родителите нормално не ме пуштија, бидејќи таму се служи алкохол – вели М.Т. (14).
Фотографиите од едно девојче кое е сосема голо, го преплавија интернетот. Покрај малолетните момчиња, нив ги коментираат и полнолетни мажи, кои нормално ги повикуваат на интимна дружба.
– Ќе истражиме и дали тие се на удар на педофилите – вели извор близок на истрагата.
Апел до сите родители: Ова на секој може да му се случи, па и вам. Внимавајте што прават вашите деца на социјалните мрежи…Девојчиња од Србија на возраст од 13 до 14 години кои за популарност се борат со разголени фотографии по социјалните мрежи ќе бидат сослушани во МВ