Традиција 2000-2015 – ова е слоганот под кој ќе се одржи традиционалниот, 15-ти саем на Булеварот на книгите. Книга во секој дом – предизвик и инспирација за Клуб Матица, овојпат фокусирана на македонскиот збор, слово и книга. Саемот ќе се одржи од 20-ти до 31-ви јануари и ќе биде продолжение на иницијативата на Клуб Матица за национално одбележување на ден на македонската книга.„Книга во секој дом на Булеварот на книгите, овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската книга. Празник кој, со вклучувањето на сите релевантни институции од областа на културата, од приватниот и општествениот сектор, ќе ја промовира културата на читање, со разни теми од сите области на општественото живеење. Токму затоа, би ги поканил сите љубители на книгата да го посетат саемот, бидејќи книгите се големи сами по себе, но се уште повеличествени кога се во рацете на читателите”, изјави Дејан Павлески од Клуб Матица.
На Саемот на книгата „Книга во секој дом“ ќе бидат претставени дела од македонските класици, доајени на македонскиот збор, научни дејци, автори од средната генерација, а секако, значително место ќе заземат и младите македонски писатели. Дела за сечиј вкус ќе има од Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Димитар Солев, Герги Сталев, Кирил Пенушлиски, Симон Дракул, Коле Неделковски, Радован Павловски, Катица Ќулавкова, Божин Павловски, Венко Андоновски, Бошко Смаќоски, Оливера Николова, Ефтим Клетников, Витомир Митевски, Петре Димовски, Димитар Димески, Тамара Арсовска, Раде Силјан, Љубиша Георгиевски, Лидија Ковачева, Марта Марковска, Иван Антоновски, Кирче Трајанов, Иван Чаповски, Јелена Лужина, Блаже Миневски, Лилјана Мазова, Стојан Кочов, Стефан Влахов Мицов, Димитар Ќорнаков, Блаже Ристовски, Владимир Плавевски, Милан Ѓурчинов, Владимир Костов, Киро Дојчиновски, Паскал Гилевски, Емилија Џипунова, Татјана Панова, Петар Бочковски, Трајче Кацаров, Игор Крајчев, Ванчо Ѓоргиев, Гоце Смилевски, Цане Андреевски, Петар Ширилов, Кочо Топузовски, Марина Мијаковска, Георги Барбаровски, Веле Смилевски, Игор Стојкоски, Ристе Стефановски, Коста Балабанов, Елена Пренџова, Јован Стрезовски, Јован Дамјановски и др.
Петнаесетгодишната традиција, овојпат, ќе ја промовира иницијатива на Клубот за празнување на „Ден на македонската книга“, кој би се одбележувал на 23 мај, еден ден пред Денот на македонската писменост. Инцијатива која произлезе од проектот „Читај повеќе”, а ги вклучи сите еминентни македонски писатели, актери, музичари, кои на различни локации низ Скопје и Македонија, со јавно читање на поезија и проза, го славеа зборот, словото и книгата.„Книга во секој дом на Булеварот на книгите, овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење