Традиционален прием во Собранието на РМ по повод 8 Септември

Во овие 25 години самостојна  држава убеден сум дека станавме препознатливи и на меѓународната сцена, пред се со доследно почитување на принципите на меѓународното право и меѓународните стандарди. Факт е дека во остварувањето на нашата стратешка определба за членство во НАТО и ЕУ единствена пречка е билатералниот спор со нашиот јужен сосед, но мислам дека е започнат добар процес на градење заемна доверба како прв чекор во решавањето на овој апсурден спор.Ова го истакна претседателот на Собранието на Република Макеоднија Трајко Вељаноски на традиционалниот свечен прием по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
Според него, најважно е дека во 25-те години самостојност секогаш во преден план бил човекот, граѓанинот и неговите индивидуални и колективни права што, како што рече, е еден од фундаментите за  Република Македонија и нашето мултиетничко и мултиконфесионално општество.
Нагласи и дека годинава во која одбележуваме 25 години самостојност ја одбележува една, како што рече,  непринципиелна политичка криза.
– Позитивен е фактот дека политичките субјекти со помош на нашите меѓународни пријатели преку дијаалог ги дефинираа политичките критериуми и услови за решавањето на кризата. Притоа, сакам да изразам признание до сите пратеници од овој состав, бидејќи овие критериуми ги преточивме во соодветни законски акти и решенија, со што создадовме услови на следните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, граѓаните со својот глас да стават крај на политичката криза. Јас верувам дека сите ние како одговорни политичари во целост ќе ја почитуваме волјата на граѓаните, рече Вељаноски на приемот, честитајќи им го на македонските граѓани утрешниот празник 8 Септември.Ова го истакна претседателот на Собранието на Република Макеоднија Трајко Вељаноски на традиционалниот свечен прием по повод 8 Септември &ndas

Пронајдете не на следниве мрежи: