Трагедија: Девојче се обесило играјќи се!

Девојчето кое се обеси прд неколку дена во семејната куќа не е жртва на насилство, потврдиле резултатите од обдукцијатаМотивот за убиството на ученичката во четврто одделение од Бор се уште не е позната. Истрагата се сомнева дека се работи за трагична игра.
„Дел од обдукцијата утврди дека девојчето не е убиено и ставено на бесилката. На телото нема ниту една повреда, не е сексуално искористена. А утврдено е дека мотивот не е сексуално насилство или наилство од врсници“, вели Соња Миличевиќ, заменик во обвинителството во Зајачар, која работи на случајот.
Пред смртта девојчето си играло со дедото и бабата.
„Ништо не покажуваше дека ќе се случи нешто толку ужасно. Кој можеше да претпостави… игравме карти и се смеевме. Потоа отиде во својата соба. Се уште ми одекнува крикот на снаата кога ја пронајде нашата миленичка“, едвај говори дедото на девојчето.
Трагедијата се случила така што девојчето од врвка со која се врзува слама, напрваила јамка и ја закачила на една од куките забодени во плафонот од собата.
„Девојчето се качило на креветот и јамката ја ставила на својот врат. Нејзиното тело висело само неколку сантиметри од подот така да постои претпоставка дека таа дури сакала да се нашали со бабата и дедото бидејќи мислела дека ќе може со нозете да го дофати подот. Доколку се се случило така, тогаш девојчето испаничило кога сфатило дека не може да застане на подот, а јамката ја спречила да повика помош“, објаснува соговорникот.
Ученичката не била депресивна. Во семејството се функционирало складно.Мотивот за убиството на ученичката во четврто одделение од Бор се уште не е позната. Истрагата се сомнева дека се работи за трагична игра.

Пронајдете не на следниве мрежи: