Страшна бродска несреќа се случи на Филипините, во која по судар на товарен брод и ферибот, најмалку 28 лица загинаа, а 274 се водат за исчезнати.Фериботот „Тома Аквински“ потонал на километар од островот Кебу, во централниот дел на Филипините и во него се наоѓале 870 патници.
Претставникот на крајбрежната стража Луис Тусон изјави дека 582 лица се спасени.
Во спасувачките акции учествувал и екипажот на товарниот брод со кој се судрил и десетина рибарски бродови кои допловиле до местото на несреќата.
Крајбрежната стража ги разгледува причините за несреќата.Фериботот „Тома Аквински“ потонал на километар од островот Кебу, во централниот