ТРАГЕДИЈА: Познати француски спортисти загинале при судир на два хеликоптери во Аргентина!

Најмалку десет лица загинале во судар на два хеликоптери, кој се случи на северот од Аргентина. Осуммина од настраданите се Французи, а со леталата управувале Аргентинци.Според изјавите на портпаролот од полицијата во провинцијата Ла Риоха каде што се случила несреќата, хеликоптерите експлодирале во воздух по веројатниот меѓусебен контакт.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, потврди дека меѓу настраданите се наоѓа олимписката шампионка во пливање Камил Муфа (25), боксерот Алексис Вастен и морнарот Флоренс Арто.
Тие учествувале во снимањето на ријалити програмата „Исфрлени“, која требаше да се прикажува на телевизијата ТФ1 подоцна годинава.
Иако прво пристигнале информациите дека меѓу патниците се наоѓале пливачот Алан Бернард и поранешниот фудбалер Силван Вилторд, тие непосредно по несреќата се огласиле на социјалните мрежи.
Надлежните ги истражуваат причините за несреќата, а според неофицијалните информации, исклучена е можноста дека временските услови влијаеле на сударот и експлозијата на хеликоптерот.

UPDATE 10 dead as two helicopters collide in La Rioja, Argentina. French TV show crew was on board. pic.twitter.com/naanDw1Rxx
— Air News & Services (@airlivenet) March 9, 2015
Според изјавите на портпаролот од полицијата во провинцијата Ла Риоха каде што се случила несреќата, хеликоптерите експлодирале во воздух по вероја

Пронајдете не на следниве мрежи: