ТРАГЕДИЈА: Се подготвувал да стане татко, но ги погребал сопругата и детето!

Страшна трагедија го погоди во вторникот младиот брачен пар од Семељац недалеку од Ѓаково, јавија хрватските медиуми.Имено, 35-годишната Катица која била во осмиот месец од бременоста починала, а потоа и нејзиното бебе откако на жената дома ѝ се слошило и паднала во бессознание.
Со возило на итна помош таа беше префрлена во Клиничкиот центар во Осијек, но на пат кон болница бремената жена починала и покрај обидите на лекарите да ја реанимираат.
Тогаш почнала борбата за животот на бебето. Лекарите веднаш направиле царски рез за да го спасат бебето, но ниту за детето кое требало да се вика Давид немало спас. Имено, се утврдило дека и бебето веќе извесно време било мртво.
Катица и нејзиниот сопруг Жарко се венчале пред неколку месеци и се подготвувале за раѓањето на синот. Меѓутоа, Катица починала на годишнината на смртта на својата мајка.
Неофицијално се дознава дека жената имала проблеми со високиот притисок, но причината за нејзината смрт како и на бебето ќе се утврди со обдукција.
Од болницата во Осијек не дадоа никакви изјави за овој трагичен случај.Имено, 35-годишната Катица која била во осмиот месец од бременоста починала, а потоа и нејзиното бебе откако на жената дома ѝ се слошило и паднала

Пронајдете не на следниве мрежи: