Ужасен инцидент ги потресе жителите на Тулса, кога тригодишно дете нашло полуавтоматска пушка дома и пукало во неговата мајка.Од полицијата во Тулса, Оклахома, изјавија тригодишно дете ја застрелало својата мајка во главата, додека таа и ги менувала пелените на едногодишната ќерка.
Жртвата Криста Енгелс (26), тој ден била дома сама со децата. Нејзиниот сопруг и мајка ѝ биле излезени.
Според „Fox23“, тригодишното синче ја застрелало својата мајка во главата додека таа ѝ ги менувала пелените на неговата помала сестра.
– Кога бабата се врати дома, ги најде двете деца покриени со крв – изјавил сосед за локалната телевизија.
Полицискиот инспектор изјави дека во куќата имало големо количество на оружје, а дека детето ја нашло полуавтоматската пушка под креветот.
– Подготвени сме да направиме сѐ што треба за да му обезбедиме сигурност на детето. Ова е ужасен инцидент – изјавил инспекторот Дејв Вокер.
Од полицијата во Тулса, Оклахома, изјавија тригодишно дете ја застрелало својата мајка во главата, додека таа и ги менувала пелените на едногодишна