Трагедија: Вереницата морала да ја гледа смртта на својот сакан

Алисон Паркер и Адам  Ворд се убиени  во Вирџинија и тоа додека известувале во живо. Двајцата биле верени, а покрај тоа што ги изгубиле своите партнери тие биле приморани да претрпат дополнителна болка.Алисон Паркер и камерманот  Адам Ворд убиени се во среда наутро  кога нивниот поранешен колега Вестер Фланаген пукал во нив во знак на одмазда.
Управникот на тв станицата  во која жртвите работеле, Џефри Маркс открил дека вереницата на убиениот камерман гледала во живо како ѝ умира вереникот.
„Ѝ беше последен ден на работа. Се селеше во Шарлот бидејќи добила  позиција на друга телевизија. Ворд требаше да ѝ се придружи. Планираа венчавка“, открил Маркс.

И вереникот на убиената актерка објавил емотивна порака на Твитер по трагичниот настан.
Беше најпозитивната жена која некогаш ја познавав. Од некоја причина се вљуби во мене. Го сакаше семејството, своите родители и братот. Бевме зеадно девет месеци. Тие ми се најубавите во животот. Сакавме да се венчаме, а штотуку го прославивме нејзиниот 24-ти роденден.
И Kрис работи како новинар. Вечерта пред трагедијата Алисон му пратила порака „добра ноќ слатко детенце“. Утредента го разбудил повик  при што му било кажано да дојде на работа бидејќи се случило убиство на новинари. Една од нив била и неговата девојка.
„Алисон и јас многу се сакавме. Скаменет сум. Срцето ми  се крши и поради вереницата на Адам. Ви благодарам за поддршката “, се огласил Хурст.Алисон Паркер и камерманот  Адам Ворд убиени се во среда наутро  кога нивниот поранешен колега Вестер Фланаген пукал во нив во знак на од

Пронајдете не на следниве мрежи: