3-годишно момче пронајдено е мртво откако излегол сам среде ноќ по големиот студ во Торонто, а слична несреќа можела да се случи кога друго момче потполно голо било пронајдено на улица. По снимките од надзорната камера на влезот во зградата во која живее неговата баба, Илајџа Марш во четвртокот околу 4:20 часот по локално време излегол надвор во пелена, маица и обувки додека надвор било -20 степени.Кога семејството го забележало неговото исчезнување три часа подоцна, започнала истрага во која, освен службите за спасување се вклучиле и доброволци.
Детето било пронајдено стуткано во снегот помеѓу две згради без знаци на живот, а само неколку стотина метри од зградата од која излегло, соопштила полицијата од Торонто.
„Мислам дека секој жител на Торонто плаче поради оваа загуба“, изјавил началникот на полицијата Бил Блер веднаш по објавувањето на вестите за смртта на момчето.
Неколку часа по таа несреќа уште едно 3-годишно момче било пронајдено во петокот наутро како само и голо оди по улиците на канадската метропола каде што било уште поладно од претходниот ден.
Еден минувач, се уште под впечаток од смртта на малиот Илајџа, веднаш го зел детето и го однел на топло.
Минувачот го препознал детето и го одвел дома, но таму немало никој. Мајката на крај ја нашле и полицијата треба да ја сослуша. Детето било однесено во болница и сега е во добра здравствена состојба.Кога семејството го забележало неговото исчезнување три часа подоцна, започнала истрага во која, освен службите за спасување се вклучиле и добровол