Тешка прометна несреќа кај Бјеловар, 23 годишна девојка погинала на својот роденден во автомобил кој го управувал нејзиниот брат.Во тешка прометна несреќа која се случила утрово во 6:20 часот измеѓу населбата Тук и Рајичи, десет километри од Бјеловар, смртно настрадала 23- годишна девојка. Несреќната девојка го изгубила животот во автомобилот кој го управувал нејзиниот брат.
Како што се дознава, до несреќата дошло поради неприлагодната брзина поради тешките услови на улицата. 29- годишниот возач се обидел да закочи, но бидејчи патот бил влажен и лизгав, ја изгубил контролата на возилото. Автомобилот се занел, преминал на левата страна на патот и превртувајќи се на бочната сувозачка страна, излетал на улицата.
Во излетувањето удрил во дрво кое се наоѓало на метар ипол под нивото на улицата.
Од силниот удар несреќната девојка се здобила со повреди од кои веднаш починала на местото на настанот, додека нејзиниот брат бил пренесен во бјеловарската општа болница.
Несреќата се случила на далечина од неколку стотини метри од нивната куќа. Како што се дознава, несреќната девојка денес требала да го прослави својот 23 роденден. Тргнала со својот брат, кој одел на работа, само за да го врати назад автомобилот дома, но нажалост оваа вожња за неа била кобна.Младата девојка нажалост е 13-та особа која погинала оваа година на патот блиску до Бјеловар.Во тешка прометна несреќа која се случила утрово во 6:20 часот измеѓу населбата Тук и Рајичи, десет километри од Бјеловар, смртно настрадала 23- го