Порталот „Аваз.ба“, дојде до видео кое прикажува трагедија која пред два дена се случи во Јајце, Босна.Имено, човек со иницијалите М.Т. (роден 1976 година) од Сараево, смртно настрадал додека скокал од водопад.
Тој сакал да изведе скок од десната страна на водопадот, односно од десниот страничен ѕид над самата круна на водопадот. Меѓутоа, неговиот скок завршил трагично.
Веднаш по скокот, што се случил околу 14 часот, беше организирана потрага по неговото тело, во која биле вклучени Полициската станица Јајце, Цивилната заштита, пожарникари и нуркачи.
Потрагата била завршена во вечерните часови, кога од водата било извлечено телото на несреќниот човек.
Видеото го снимиле арапски туристи коишто се нашле во близина.
Последна жртва на водопадот бил Илијаз Т. (во 2013 година), а претходно страдала Мирела Л. (јануари, 2011 година).
Имено, човек со иницијалите М.Т. (роден 1976 година) од Сараево, смртно настрадал додека скокал од водопад.
Тој сакал да изведе скок од дес