Вчеравечер заврши третиот викенд од големата летна забава „Супер Скопје“ со настапот на голем број изведувачи. Градоначалникот на Град Скоје Коце Трајаноски информира дека идниот викенд Супер Скопје завршува со одлична забава која ќе се одржи во Дебар Маало.-Одлична забава, прекрасна музика и фантастична атмосфера на третиот викенд на „Супер Скопје“ на улица Македонија. Презадоволен сум од интересот и посетеноста на оваа манифестација, каде овој викенд, кој помина во знакот на домашните изведувачи, улица Македонија ја посетија илјадници. Наредниот викенд Супер Скопје завршува на Боемската улица во Дебар Маало со уште еден викенд одлична забава, пишува Трајановски на Фејсбук.
Изминативе две вечери, повеќе илјади лица се забавуваа со одлична музичка програма на улицата Македонија, каде овој викенд помина во знакот на домашните изведувачи.
Вчеравечер голем број на посетители на улицата Македонија и во преполните локали уживаа во настапите на Тамара Тодевска, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Претходно, во петокот пред скопјани настапија и Ди Џеј Дела (DJ Dela), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева.
-Одлична забава, прекрасна музика и фантастична атмосфера на третиот викенд на „Супер Скопје“ на улица Македонија. Презадово
Пронајдете не на следниве мрежи: