Трајановски: Вандалите сакаат да ја уништат Македонија

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во интервју за Канал 5, го осуди вандалскиот чин на протестантите кои деновиве дивеат низ Скопје, мотивирани од СДСМ и Зоран Заев.-Деновиве сме сведоци на еден вандализам и дивеење по улиците на Градот Скопје, при што на еден највандалски начин оштетени се голем број на споменици, објекти и плоштади,оштетена е Порта Македонија, Споменикот Воин на Коњ ,оштетен е Плоштадот Македонија, канцеларијата на Претседателот е уништена и искршена, оштетена е фасадата на Министерството за Култура, на Министерството за Правда, синоќа беше оштетена и фасадата на една од бараките во Градот Скопје. Тоа јасно зборува дека намерата на овие луѓе кој што дивеат низ улиците на Градот Скопје не е за доброто на Р. Македонија и на Градот Скопје нивната намера е да рушат и да уништуваат сето она што е создадено, рече Трајановски
Спомениците кој што се направени во Градот Скопје и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, се направени за сите периоди од историјата на Македонија и нивното уништување пред се е атак врз Република Македонија.-Деновиве сме сведоци на еден вандализам и дивеење по улиците на Градот Скопје, при што на еден највандалски начин оштетени се голем број на спомен

Пронајдете не на следниве мрежи: