Секој ден е време кога треба пријателски да си подадеме рака и взаемно да си помагаме. Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, го избра овој голем празник да ја посети куќата на семејството на Зоран од Инџиково, во која живеат осум членови на неговото семејство.При оваа посета им подари шпорет и пакет со средства за хигиена, а во најскоро време вети дека ќе им ја санира и трошната куќа да им се подобрат условите за живеење.
-Преку целата година настојуваме, на оние на кои им е најпотребно, да им помогнеме на различни начини, со прехрамбени пакети, хигиенски пакети, апарати за домаќинството, санација на дел од домовите и друго, во зависност од нивните потреби. Општината ќе продолжи и во иднина да помага во рамките на своите можности, секаде каде ќе има потреба, рече Трајковски.
Оваа пригода градоначалникот Трајковски ја искористи на сите граѓани на Република Македонија да им го честита 2-ри август, двата Илиндена – Денот на Илинденското встание и одржувањето на првото заседание на АСНОМ.
При оваа посета им подари шпорет и пакет со средства за хигиена, а во најскоро време вети дека ќе им ја санира и трошната куќа да им се подоб