Шеесет и пет годишниот П.С. од Македонска Каменица со тешки повреди, фрактура на клучна коска и набиеници на градниот кош, вчера попладне бил донесен во Итната медицинска помош.Имено, П.С. со трактор „Урсус“ се движел по локалниот пат с.Цера-Македонска Каменица, но во еден момент изгубил контрола над тракторот и паднал, додека тракторот продолжил со движење.
-П.С. по укажаната лекарска помош во контактибилна состојба со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицински Центар-Штип, Одделение за ортопедија, од каде е префрлен во Ургентен Центар-Скопје при Комплекс клиники Мајка Тереза, информираат од полицијата.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица-Делчево.Имено, П.С. со трактор „Урсус“ се движел по локалниот пат с.Цера-Македонска Каменица, но во еден момент изгубил контрола над тракторот