Трамп потпиша указ за забрана за мигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека потпишал указ за „Заштита на нацијата од влегување на странски терористи во САД“. Тој предвидува времено стопирање на политиката на давање азил и забрана за граѓаните на неколку муслимански земји да влезат на територијата на САД.
– Воведувам нови мерки за контрола, кои ќе ги држат радикалните исламистички терористи надвор од САД, рече Трамп во Пентагон по церемонијата на стапување на должност на новиот министер за одбрана Џејмс Матис.
– Не ги сакаме тука. Сакаме да сме безбедни и нема да дозволиме во земјата да ги имаме истите закани, со кои нашите војници се борат зад границата, рече тој. 
Трамп нагласи дека САД сакаат да ги примат само „оние луѓе, кои ја поддржуваат нашата земја и кои длабоко го почитувата нашиот народ“.
Претседателот на САД ги спомена загинатите во терористичките напади на 11 септември 2001 година и рече дека САД никогаш нема да ги заборават лекциите, научени тој ден. Тој потсети дека повеќето напаѓачи биле Саудијци, кои добиле визи од САД.
Согласно указот и неговите анекси, кои беа објавени од Белата куќа, американските власти ќе забранат во рок од три месеци влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Исклучок ќе биде направен за оние граѓани, кои поседуваат дипломатски визи, за официјалите претставници на тие земји и за вработени во меѓународни организации. 
Вашингтон ќе ја замрзне на четири месеци и федералната програма за прием на бегалци од земји, во кои се водат војни. Изрично се забранува прием на сириски бегалци до втората наредба. Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година САД примиле само 18 илјади сириски бегалци. Во текот на буџетската 2016 година (1 октомври 2015 до 30 септември 2016) САД примиле вкупно 84.994 бегалци од целиот свет, вклучувајќи над десет илјади Сиријци. 
Владата на претходниот претседател Барак Обама постави како цел прием на 110 илјади бегалци во буџетската 2017 година. Новата администрација на Трамп сепак има цел таа бројка оваа година да не надмине 50 илјади лица.Тој предвидува времено стопирање на политиката на давање азил и забрана за граѓаните на неколку муслимански земји да влезат на територијата на САД.

Пронајдете не на следниве мрежи: