Трансформиран работниот однос на 222 вработени во градинките

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански извршија увид во градежните активности на детската градинка „Весели цветови“,Делчево.Спасов изјави дека како никогаш до сега се остварува соработка со општините во Република Македонија, реализирајќи го проектот на Владата на Р.М за зголемување на капацитетите во детските градинки и за зголемување на нови објекти  кои што ќе се отворат во наредниот период или пак се отворени изминатите години во соработка со општините, меѓу кои е и општина Делчево.
-Општина Делчево е вистински пример на општина која инвестира во делот на зголемување на капацитетите и на квалитетот на услугите на детската градинка. Во oпштината има потреба за зголемување на дополнителни капацитети за околу 100 дечиња во детската градинка колку  што има и листа на чекање. Овој објект очекуваме да биде завршен околу средината на 2016 година и целосно ќе се реши проблемот на родителите од оваа општина, ќе се создадат услови да се згрижат сите дечиња во детската градинка, рече Спасов.
Станува збор за заеднички проект на министерството за труд и социјална политика и општина Делчево кои од самиот почеток имаат договор со кој општината   инвестира во изградба на овој објект,  а министерството за труд и социјална политика  инвестира во опремување на објектот. Се очекува до почетокот на месец јануари 2016 година министерството да ја распише набавката за опрема на овој објект.
Градоначалникот на општина Делчево изрази задоволство за изградбата на градинката и  за заедничката соработка со министерството.
Шехтански истакна дека во објектот се вложуваат 2,7 милиони денари за изградба на карабината и дополнителни 17 милиони денари од Светска банка.
Како што истакна Спасов покрај зголемување на капацитетите се вложува напори за зголемување на бројот на вработени, во кадарот на детските градинки.
-Би сакал да истакнам дека токму денес се доделуваат решенија за редовен работен однос на околу 222 вработени во детските градинки, согласно Закон за трансформација во редовен работен однос, односно 222 волонтери и лица кои се ангажирани со договор во градинките  ширум Република Македонија, денес ќе добијат решение за редовен работен однос, посочи Спасов.
Тој додаде дека останува уште да се заврши третата и финална фаза од овој проект за трансформација на волонтерите и договорците,  лицата кои се ангажирани со договор на дело или авторски договор во градинките во редовен работен однос, согласно  Закон за трансформација во редовен работен однос кој е проект на Владата на Република Македонија.
Третата фаза ќе опфати уште околу 200 вработени односно вкупно преку целиот проект ќе бидат опфатени околу 670 професионалци кои ќе бидат ангажирани во детските градинки.Спасов изјави дека како никогаш до сега се остварува соработка со општините во Република Македонија, реализирајќи го проектот на Владата на Р.М за

Пронајдете не на следниве мрежи: