Тренд следачите и „Светата скрипта“

Си било еднаш едно Српче по име Срџа, што живеело во диктатура. И така напатено, снеможено, исфрустрирано станало еден ден и рекло „Доста Е“. Хмммм му се видело како добра парола и ја напишало на хамер. Уште подобро. Излегло на улица со хамерот и спонтано почнале да го следат стотици илјади луѓе.Си рекол, добро е ова. И отишле пред собрание. Таму малку викале, малку псуеле, па напишале еден колективен транспарент „Готов Е “ а на тетка Перса од Владичин Хан, која и да е и што и да барала дента во Белград, и текнало дека нема „Правда“ московска во трафика и поради тоа таа немала мир. Потоа дошол и чичко со багер и чичко во одело што зборувал амерички, едно водело кон друго и Срџа станал познат писател. Книгата не се продавала многу зошто еден ја читал на повеќе луѓе а и била многу глупава и неприменлива речиси во ни една нормална држава во светот. Главно Срџа наш го натовариле со долари и веднаш душичката му се смирила. Си рекол,а зошто од ова да не направам професија,бизнис?
И така би…..
      Простете што не сум Мирка и немам податоци од прва рака, ама мојава верзија ми се допаѓа повеќе, дури и да е тотална фикција.
И така Срџа почнал да шета по светот со книгата но во мирни демократии рушењето на диктатури и не било толку популарно. Така еден ден му дошол еден чичко што повторно говорел американски и му рекол – имам бизнис понуда за тебе. Знаеш Срки, на Нато и Америка и енглеска биче земља пролетерска, им скурчи оваа борбава со замислен противник. СССР го нема повеќе, балканските колежи завршија, пола свет е во НАТО и фактички се браниме сами од себе. Значи тоа е лошо за бизнисот. Ај да те пратиме тебе со тим одбран во неколку земји, да ги убедиш дека им е лошо, мизерија, дека немаат мир, правда, пари, стандарди а ние ќе ги бомбардираме, шитнеме оружје на двете страни, ќе ја задржиме по глупавата страна која нема многу да прашува и сите сме ќар. За тебе процент….. Срџа сладострасно ги оближа усните и прифати. Години потоа еве не нас, тука, сега, живееме во книгата на Срџа….
     Но како ни се случи ова? Зарем немаше умни луѓе кои со својата интелигенција ќе ги демаскираат тактиките, ќе го предупредат светот? Зошто сите молчеа?
Одговорот е лесен и видлив. Александар Поповски, режисер, дете родено во комуњарски хербариум на медиокритетство ги нарекува малите луѓе глупави. Тој не би им дал да решаваат за ништо, вклучувајчи го и неговиот комформизам. Тој не го сака малиот човек  заради тоа што тоа е тренд. Реално не знае зошто бидејќи ретко се среќава со таков човек а и кога му го носат макијатото во некој скоски кафич, не мора да крене глава нагоре. Таквите како Аце Поповски наш се тренд во светот. За жал. По скриптата на Срџа. Платени медиокритети со наследени или протекционистички титули и успеси. Луѓе за кои родителите одеа во школо за да им поправаат отценки, кои ги влечеа за рака по универзитетските аули, луѓе на кои максималниот дострел им се соседните балкански земји и тоа како гости на исти како нив по педигре. Светот не слушнал за нив. Нема ни да слушне, нема за што да слушне. Тоа се тие првоборци кои прогласуваат диктатура а пополнуваат формулар за субвенција од истата. Тоа се луѓето кои читаа странски весници за да слушнат што нивните клонови таму кои се понапред со скриптата ќе кажат, за да овие тука папагалски ни го повторуваат. Да, да, големиот интелектуалец Аце, само позајми и преформулира фраза од таквите ликови како него кои разочарани од Брегзитот решија сите таргет групи кои не мислат како нив да ги наречат глупи, и да почнат процедура за одземање на гласачкото право на своите сограѓани или соселани како тие што велат. „Урбаните’ секогаш гласале ОК? И така ви продаваат индивидуализам луѓе што одат по скрипта. Луѓе без грам автентична мисла меѓу ушите. Тие во манир на добри трговци од топ-шоп калибар само папагалски ви повторуваат фрази и пароли рециклирани до бескрај. Се надеваат дека луѓето ќе ги проголтаат. Фала Богу за интернетот. Полесно се наоѓаат изворите. А во меѓувреме, Нато, америка и енглеска биче земља пролетерска си ја фураат агендата по принципот, фрли рипче – фати крапче. Секаде во светот има 200 будали кои можеш да ги нашминкаш во „интелектуалци“ да ги платиш фино да не работат ништо и да верглаат парли од јутра до сутра. Обезбеди им и заштита за да не го јадат на улица, и enjoy and watch the show. Мојата мисија тука е да ви покажам дека тие кои ве гледаат „од горе“ не се ништо посебно, само аморални кучки со гумен рбет и без совест на кои им ја погодиле цената, како во американското шоу „Guess the price“.
Не пријатели, не се тие интелектуалци ниту паметни, зошто паметен човек размислува, осознава, процесира податоци, ги анализира, се прашува КАКО? Овие кога ќе ги прашате КАКО, ви велат дека сте глупави, смрдливи и што ли уште не. Тоа е затоа што како мрзливци, медиокритети и продадени газови или не го знаат одговорот или им е страшно да го речат гласно. Тоа се тие деца што влегуваа преку ред на доктор, што им поправаа отценки, што доаѓаа на школо со службените коли на татковците,….. Истите тие. Медиокритетски вошки кои предолго ја цицаа креативната крв на оваа држава и народ. Тие сега му помагаат на НАТО да ги правда сметките со натпишани нули. Тие се тука за НАТО да се јакне себеси за да се одбрани од себе. Нема противник, играва е ката а ние и мислечките луѓе ширум светот сме само колатерална штета, добар бизнис, фрли 3 милиони за буцкање, продај 30 милиони во оружје. Лесно и едноставно. Од кого не бранат? Од самите себеси од кога претходно ќе не скараат до крв. Нема да пројде. Играта стана глобална а рециклираните пароли почнаа да се појавуваат насекаде по светот. Полесно за демаскирање. Брексит успеа. Македонија е под закана од атентат од домашни предавници наоружани со глупави пароли и с странско обезбедување. Шансата да се спасиме е што ни еден играч не го задржува процентот на успех кога игра на повеќе маси…. Ви посакувам убаво лето, убав помин кај и да сте. Уживајте и ставете ги мозоците на автопилот, собирајте енергија за наесен, ќе ви треба.
И конечно, ви посакувам, БРЕГЗИТ ДА НИ СЕ ДЕСИ !
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Алекс Ванко
филозоф,писател,аналитичарСи рекол, добро е

Пронајдете не на следниве мрежи: