Според последните објавени податоци на Државниот завод за статистика на РМ, стоковната размена со странство и индустриското производство во 2015 год забележаа позитивни резултати.Вкупната стоковна размена со странство во 2015 год бележи индекс 106,7, односно пораст од 6,7% и изнесува 9.828.165.000 евра. Притоа извозот бележи индекс 108,8 т.е пораст од 8,8% и изнесува 4.051.230.000 евра, а увозот бележи индекс 105,3 т.е пораст од 5,3% и изнесува 5.776.935.000 евра. Значајно е што извозот има за 66% повисока динамика на пораст од увозот и како резултат на тоа покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,1 %, што за економија во развој, каква што е Република Македонија, представува одличен резултат.
При тоа да не се заборави фактот дека учестовото на стопанските зони во извозот е 1.500.000.000 евра, а новосоздадената т од тоа изнесув а 230.000.000 евра
Ако кон ова се додадат и податоците за индексот на индустриското производство, кој за декември 2105 во однос на декември 2014 изнесува 110,5, а за периодот јануари- декември 2015 во однос на јануари-декември 2014 изнесува 104,9, повеќе од јасно е дека зад нас е успешна економска година.
И покрај вештачки предизвиканата политичка криза од стана на опозицијата, јасно е дека мерките на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особено во делот на привлекувањето на странски инвестиции, даваат одлични резултати во економијата.
Како резултат на овие успешни економски мерки и невработеноста се симна на историски најниско ниво од осамостојувањето, пониско од 25%.
Комисијата за економија и финансии ВМРО ДПМНЕ Битола секогаш ги поддржува успешните мерки кои Владата на Република Македонија ги реализира во изминатиот период.Вкупната стоковна размена со странство во 2015 год бележи индекс 106,7, односно пораст од 6,7% и изнесува 9.828.165.000 евра. Притоа извозот б