Со филмот на македонскиот аниматор Жарко Иванов, „Кружното патување на Марето“ започна петтото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.Настанот беше обележан со изложба на работните материјали, цртежи кои го илустрираат процесот на работа на Иванов, од првите скици до финален производ.
На отворањето публиката можеше да проследи проекција на 11 краткометражни анимирани филмови од официјалната конкуренција кои се борат за наградите Златна, Сребрена и Бронзена Тула.
Во Кинотека на Македонија беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Манијајца: осветата на тврдоварениот“ со времетраење од 90 минути, како дел од ревијалната програма на Анимакс Скопје Фест.
Втората фестивалска вечер ќе започне со проекција на уште еден македонски филм, „Девојката што паѓа“ на авторот Владимир Лукаш, со почеток во 19.00 часот во Кино Фросина, МКЦ. Третата фестивалска вечер публиката ќе може да ја проследи проекцијата на филмот „Човекот кој не сакаше да умре“ на македонскиот аниматор Гоце Цветановски.
Во наредните денови следуваат проекции на филмови, дискусии, работилници и други настани поврзани со анимацијата. Во прилог Ви ги испраќаме останатите материјали за фестивалот.Настанот беше обележан со изложба на работните материјали, цртежи кои го илустрираат процесот на работа на Иванов, од првите скици до финален произ