Три одлични домашни лекови против грип

Крајот на летото и раната есен не мора да ја поминете со растечен нос, болно грло и грижејќи се за вашите деца.Со овие три лекови ќе го спречите грипот во вашиот дом.Со овие рецепти ги “изнајмувате“: ренот, медот, лимонот, жалфијата,ѓумбирот кои нема да му дозволат на грипот да ви тропне на врата.
Здрав микс со рен против грип
500 грама мед
100 грама рен ( изрендан)
20 грама сува жалфија
Ренот исчистете го и изрендајте го па помешајте го со медот. Додавајте жалфија, се уште еднаш измешајте, па смесата ставете ја во тегличка. Земајте по две лажици дневно. На децата давајте им по едно лажиче на ден.
Комбинации со мед
Основа на овој лек е медот. Ќе ви треба околу 500 грама. Во првиот рецепт комбинирате мед со пола лимон ( или нешто помалку)  исечкан на тенки кришки, изрендан свеж корен од ѓумбир ( 1 лажица) и 6 листови нане( изгмечете ги благо низ прстите ).Сите состојки измешајте ги и оставете ги два дена на суво и темно место. Кога и да почувствувате дека грипот може да ве нападне земајте 1 до 2 лажици од оваа смеса и испијте една или две чаши топол чај. Смесата има феноменален вкус. Уште подобар вкус може да добиете ако наместо лимон искористите портокал ( нешто помалку од пола, исечкан на кришки).
Ако имате проблеми со синусите и болно грло направите мешавина од 500 грама мед и 2 лажици суви лути чили пиперки. Се зема 1 до 2 лажици дневно.
Необичен чај против грип
За овој чај ќе ви треба:
430 милилитри вода
1 стапче цимет
Кришки ѓумбир ( 2 до 3 )
5 семенки кардамон
Прстофат сушен коријандер
3 до 3 зрна бибер
2 каранфилчиња
1 лажичка црн чај.
Сите состојки варете ги во вода 5 д 7 минути, извадете ги од оган, поклопете и оставете да отстои 10 минути. Процедете и испијте со мед. Медот не се става во врел чај, така ги губи благотворните дејства.
Ако сакате да го пиете овој чај како освежителна напивка, изладете го во фрижидер додајте 1 до 2 кришки свеж портокал или служете го со бел рум.
С.А.
Извор: najadise.mkСо овие рецепти ги “изнајмувате“: ренот, медот, лимонот, жалфијата,ѓумбирот кои нема да му дозволат на гри

Пронајдете не на следниве мрежи: