Три сигурни знаци дека не ви е судено!

Дали сте знаеле дека 50% од денешните бракови завршуваат со развод? Еве како да препознаете кога врската нема да успее.Овие совети доаѓаат од брачните терапевти, кои откриваат кои се црвените знаменца во секој љубовен однос. Веруваме дека овие сознанија ќе ви бидат од корист.
-Осудувачки тонови: За партнерите кои имаат навика меѓусебно да се критикуваат во однесувањето или некои аспекти на личноста, помалку е веројатно дека ќе опстанат заедно. Причината е едноставна: Оној кој така се однесува, смета дека конечно ќе го смени другиот, но тоа никогаш не се случува, и наместо тоа доаѓа до прекин. Затоа, пред да се решите да промените некого, дознајте на време дали тој сака да ги промени тие работи. Ако не, прифатете го каков што е или не се венчајте.
-Несигурност: Гледано од психолошка страна, некои луѓе сметаат дека им е потребен партнер, кој ќе ги направи да се чувствуваат „целосно“. Таквите личности вообичаено се несигурни во себе и сметаат дека им е потребен друг за да бидат целосно среќни. Со тек на време се ќе сторите за партнерот, за да сака да остане со вас бидејќи не знаете како е да се сам. Но, треба да научите што ве прави среќни и задоволни во животот, бидејќи само така можете вистински да бидете среќни.
-Не ги слушате нивните желби: Еден од брачните советници раскажал приказна за жена која се пожалила дека имала караница со сопругот, кој претходно убаво и објаснил дека во моментот не сака деца. Но, таа тоа го прокоментирала како: „ах, тоа е типично за него“. Откако дознала дека е бремена, сопругот побарал развод. Поентата на приказната? Немојте неговите коментари да ги земате здраво за готово и да си мислите дека ќе го промените, бидејќи често на полошиот начин се дознава дека не поседувате таква моќ. Пред да преземете некој голем чекор во врската, добро ислушајте го.Овие совети доаѓаат од брачните терапевти, кои откриваат кои се црвените знаменца во секој љубовен однос. Веруваме дека овие сознанија ќе ви бидат

Пронајдете не на следниве мрежи: