Триаголници со сирење и освежувачки прелив

Триаголници со сирење и освежувачки преливСостојки:
6-7 листови кори за пита
400 гр свежо сирење
1 јајце
1 лажица кисела павлака
по вкус сол
За премачкување
1 јајце
3 лажици масло
3 лажици јогурт
Прелив
1 мала краставица
1 чешне лук
½ л јогурт
по вкус сол, бибер
Подготовка:
Соединете ги сирењето, јајцето, киселата павлака и солта. Посебно изматете го јајцето, маслото, јогуртот за премачкување на корте. Сите кори исечете ги на 4 ленти. Секоја од лентите прво премачкајте ја со преливот за премачкување, а потоа на дното ставете по една лажица од филот со сирење, па виткајте во триаголник. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.
Триаголниците редете ги во подмачкан плех со масло и печете во загреана рерна на 200С додека не поруменат.
Послужете ги со намаз од јогурт ситно исецкана краставица и лук. Сите овие состојки соединете ги и оставете ги прво да отстојат во фрижидер за да ги попримат вкусовите.
Добар апетит
Повеќе кулинарски трикови, рецепти, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
6-7 листови кори за пита
400 гр свежо сирење
1 јајце
1 лажица кисела павлака
по

Пронајдете не на следниве мрежи: