Во Петокот (25.12.2015), во салата на НУУБ Св.Климент Охридски во Битола се одржа трибина на тема Македонскта музика македонски бит: Изворна и народна музика, во организација на Комисијата за култура при ОК ВМРО ДПМНЕ – Битола. Ова е само почеток на серија трибини за македонската музика, во која ќе бидат опфатени и останатите нејзини правци и аспекти.Предавачи на оваа трибина беа Проф. Др Драги поп Стефанија, Македонист, кој четириесет години предавал на катедрата за македонистика како редовен професор на Философскиот факултет во Љубљана и Кирил Стојчевски Етно музиколог, професор во средното музичко училиштево Битола.
Професорот поп Стефанија, од повеќе аспекти го образложи значењето на македонската народна поезија и македоонската музика. Со могу живописни примери поддржани од литературните дела, како и од неговите многубројни книги и научни трудови и неговото долгогодижно научно работење.
Професорот Стојчевски и даде на трибината една поинаква димензија со звуците на својата хармоника од Калеш Анѓа до Билјана, научно коментирајки ги спецификите на македонската песна од музички и етнолошки аспект, како и третманот на оваа музика во земјата и регионот.
Сашко Савевски (член на комисијата и иницијатор на оваа трибина) го даде завршниот збор осврнувајки се на аспектите на законот за авторски права и остнати теми и прашања кои ја засегаат македонската музика, авторите и изведувачите.
На големо изненадување и радост на организаторите беше интерактивната димензија која ја доби оваа трибина на крајот, кога беа поставени околу триесетина прашања со значајна содржина од страна на посетителите на оваа трибина
Ова е само почеток на една опсежна кампања за македонската музика.Предавачи на оваа трибина беа Проф. Др Драги поп Стефанија, Македонист, кој четириесет години предавал на катедрата за македонистика како