Тридневна Цевитана бабл фудбал забава на Д фестивалот во Дојран

Адреналинската спортска атракција Цевитана Bubble Football продолжува во Дојран каде натпреварите ќе се одржат во склоп на Д фестивалот. Во текот на трите фестивалски дена, од 15-ти до 17-ти јули во автокампот Партизан од 17-20 часот ќе се играат натпреварите меѓу пријавените тимови, а посетителите ќе можат да уживаат во новите вкусови на Цевитана и ова атрактивно фудбалско доживување.Сите оние кои сакаат да пријават екипа за бабл фудбал треба да состават тим од 5 натпреварувачи на возраст од 15-45 години. Пријавувањето е во тек и се одвива на Фејсбук страната на Цевитана во инбокс: facebook.com/Cevitana.mk или може да се пријават непосредно пред турнирот, во самиот камп Партизан  во Дојран.
За најдобрите и најталентирани во бабл фудбалот ќе има и награди, а како за натпреварувачите, така и за посетителите ќе следат и дополнително бројни подароци и изненадувања. Покрај возбудливиот турнир во фестивалскиот камп ќе биде поставен и Цевитана корнер каде камперите ќе може да се релаксираат и да се освежат со новите вкусови на Цевитана: манго, грејпфрут и мента и лимон.
Цевитана корнерот ќе понуди и други содржини и занимации, како, играње фудбалче, пикадо, табла и уште неколку други друштвени игри.Сите оние кои сакаат да пријават екипа за бабл фудбал треба да состават тим од 5 натпреварувачи на возраст од 15-45 години. Пријавувањето

Пронајдете не на следниве мрежи: