Триесет и двајца поети ќе учествуваат на 55. Струшки вечери на поезијата

Триесет и двајца поети од 30 земји ќе учествуваат на 55. Струшки вечери на поезијата (СВП), што од 24 до 29 август ќе се одржат во Струга, но поетски настани ќе има и во Битола, Ресен, Охрид.Директорот на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски денеска на прес-конференција рече дека во рамки на подготовките на 55. издание се направени чекори во насока на драстична промена на содржини кои ќе им овозможат на учесниците да бидат посеопфатно претставени во рамки на Фестивалот.
– Внесовме нови форми, локации и начини како тоа да го направиме. Фестивалот има два нови програмски дена исполнети со поинаков концепт. Струшките вечери е еден од оние на кои им припаѓа улогата да биде креатор на културните политики во сферата на поезијата, посочи Стефоски.
Како новитет оваа година, потенцира, е развиен целиот концепт на поетски портрети каде 10-минутните читања на сите поети ќе овозможат на публиката да види презентација на разновидни поетики кои меѓу себе се во некаков дијалог.
Нагласи дека во рамки на новата содржина наречена „Поетско кафе“, која ќе биде во попладневните часови, ќе има книжевни дебати на одредени теми и поетско читање.
– Ќе има презентација на оние јазици кои се малцински во одредени земји, кои не се официјални јазици. Завршуваме во Скопје со поетското читање, матинето во Матка и поетскиот митинг кај Камениот мост со што на 29 август официјално ќе заврши овогодинашното издание на Струшките вечери на позијата, додаде Стефоски.
Годинашен лауреат на наградата „Златен венец“ е канадската поетеса, книжевна критичарка, романсиерка, есеистка Маргарет Етвуд.Директорот на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски денеска на прес-конференција рече дека во рамки на подготовките на 55. издание се направ

Пронајдете не на следниве мрежи: