Над 30 деца на возраст од 14 до 18 години, жители на Општина Демир Хисар, од средината на августа, десетина дена бесплатно ќе летуваат во Турција. Ова го договорија градоначалниците на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски и Општина Балчова, Измир, Република Турција, Мехмед Али Чалкаја за време на возвратната посета и престој во Демир Хисар. Ова е еден од неколкуте првични договори на двајцата градоначалници за воспоставување на почетна меѓуопштинска соработка, како резултат на двете меѓусебни официјални посети пред поптпишувањето на повелбата за збратимување.Демирхисарчињата бесплатно ќе престојуваат 8 – 10 дена во едно од познатите Балчовачки одморалишта, а за време на престојот, ќе им биде организирана и туристичка посета на најзначајните културно – историски локалитети и туристички атракции на Општина Балчова – една од најголемите и најбогати 25 општини на 6 ипол милионскит Измир.
Трошоците за превоз на групата што ќе биде придружувана од 5 – 6 возрастни лица – педагог, психолог, социјален работник, наставници на локалната самоуправа, ќе ги сноси Општина Демир Хисар, додека сите останати трошоци околу престојот, ќе ги сноси Општина Балчова.
Од општинскиот Центарот за социјална работа јавуваат дека постои огромен интерес, но изборот ќе се прави врз основа на утврдени критериуми при што, предност ќе имаат децата од семејства што користат некаква социјална заштита, како и посебно надарени и талентирани ученици од основните и средното училиште.Демирхисарчињата бесплатно ќе престојуваат 8 – 10 дена во едно од познатите Балчовачки одморалишта, а за време на престојот, ќе им