На 21 февруари 2016 година во Порто (Португалија) се одржa церемонијата за отварање на најголемата штафетна трка за мир низ Европa „Шри Чинмој Единство-Дом Трка за Мир“ – “Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run” (позната и како „Трка за Светска Хармонија“). Во нејзината трета декада постоење, тоа е најголемиот и најдолгиот народен труд за мир на човештвото.Интернационалниот тим од тркачи трча со запален факел како симбол на мир – подавајќи го од рака на рака и од срце на срце низ цела Европа.
Се посетуваат училишта, општествени групи, организации од сите сфери на животот, лидери и спортисти, со цел да се споделат идеалите за охрабрување и подршка на другите и потикнување на единството и мирот во секојдневниот живот. Се трчаат повеќе од 24 илјади километри низ 49 европски држави со финиш во Рим на 7 октомври.
Визионерот за мир Шри Чинмој ја основа „Трката за мир“ во 1987 во духот на љубовта, хармонијата и единството. Оттогаш со оваа иницијатива се посетени повеќе од 150 држави и се истрчани повеќе од 500 илјади километри. Едноставната порака на трката „Твој е првиот чекор!“ инспирираше милиони луѓе низ светот.
За време на трката тркачите поминуваат околу 100 километри на ден. Едно до две возила го следат тимот на тркачи кој со себе го носи факелот од град до град, со очекување дека секој тркач ќе покрие од 10 до 30 километри дневно.
Подржана од многу светски личности, меѓу кои беше и Мајка Тереза, претседателот Нелсон Мандела, нашите претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров. Карл Луис, поранешениот американски супер атлетичар познат под псевдонимот „Син на ветерот“ изјави: „Со носење на факелот, милиони граѓани прават чекор кон светска хармонија, и ги спуштаат социјалнте бариери кои оделуваат една нација од друга.“
Трката е непрофитен настан кој е организиран и финансиран целосно од волонтери, чија цел е да ги охрабри добрите односи помеѓу луѓето од сите нации. Не цели кон собирање на средства, ниту застапува некоја политичка цел. Секој може да учествува: спортисти и оние кој не спортуваат, млади и стари. Факелот може да се носи неколку чекори, неколку метри или неколку милји или пак само да се даде подршка на тркачите кои минуваат.
За повеќе информации и напредок на тркачкиот тим посетете ја страницата „Live from the road“ на www.peacerun.orgИнтернационалниот тим од тркачи трча со запален факел како симбол на мир – подавајќи го од рака на рака и од срце на срце низ це