Тркалезна маса на градоначалниците на источниот плански регион

Денеска во Кочани беше одржана Тркалезна маса на која беше презентирана Специфичната кампања во Источен плански регион за придобивките од заштитени подрачја. Кампањата е подготвена во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП) – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) кој е координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем. Стратешки партнер на Програмата за зачувување на природата во Македонија е Центарот за развој на Источен плански регион. 
На средбата присуствуваа градоначалниците на општините од Источниот плански регион, како и градоначалникот на Општина Ресен.
На Тркалезната маса свои излагања имаа Драгица Здравева, Директор на Центар за развој на Источен плански регион која се осврна на улогата и значењето на оваа  програма за регионот како и улогата на Центарот во истата.
Претседателот на Советот за развој на Источен плански регион и Градоначалник на Општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски пак акцентот го стави на локалниот развој и можностите што програмата ги нуди.
Како пример за успешно спроведување на заштитено подрачје свои излагање имаше градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Ѓоко Стрезовски, кој потенцираше дека преку спроведување на Пограмата за заштина во неговата Општина значително е подобрена состојбата како и квалитетот на живот на жителите на истата.
На оваа средба учество земаа и Марјана Шушлевска – Национален тим лидер на ПЗП, Фармахем, Станислава Додева – Национален програмски советник во Амбасада на Швајцарија во Р. Македонија, Владо Атанасовски – Министерството за Животна средина и просторно планирање, Сектор за природа и Јане Стефанов – Концепт експерт на Специфична кампања во ИПР за придобивките од прогласување на заштитени подрачја
Сите присутни активно учествуваа во дебатата на тема „РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ И ЗАШТИТЕНИТЕ ПОДРАЧЈА“.
Инаку кампањата чија цел е на жителите на Источниот регион да им ги доближи придобивките од зачувување на природата ќе трае до крајот на 2016 година а нејзиното мото е „УТРЕ Е ДЕНЕС“.
  
На средбата присуствуваа градоначалниците на општините од Источниот плански регион, како и градоначалникот на Општина Ресен.

Пронајдете не на следниве мрежи: