Трогателна приказна: Болно момче кое станало „Бетмен“ на само еден ден

Приказната за малиот Мајлс, болното момче на кое му се исполнила желбата да стане Бетмен на еден ден, минатата година го освои светот. Сега, ''Make A Wish'' фондацијата, која го организирала целото случување, објавила видео во кое се прикажува што се случувало зад завесите.
Поради петгодишниот Мајлс, Сан Франциско се претворил во „Готам Сити“ на еден ден. Целиот град се соединил за да му ја исполни желбата на ова болно детенце.

На снимката се прикажува како течеле подготовките за случувањето и колку детето било среќно за време на целиот настан.
– Тоа беше „Ден за Мајлс“. Се правевме заедно. Чувството беше навистина добро.- рекол човекот кој како „Големиот Бетмен“ го спасувал градот заедно со детето.
 Сега, ''Make A Wish'' фондацијата, која го организирала целото случување, објавила видео во кое се прикажува што се случувало зад завесите.

Пронајдете не на следниве мрежи: