Трогателна приказна: Ова се последните зборови упатени до мајката од нејзината ќерка пред да умре

Ова е една трогателна приказна од една сообраќајна несреќа, напишана од новинарка на која настраданата додека умирала, и ги шепотела овие зборови…Ова е една трогателна приказна од една сообраќајна несреќа, напишана од новинарка на која настраданата додека умирала, и ги шепотела овие зборови…
“Мамо, излегов со пријателите. Отидов на една забава и се сетив што ми рече пред да излезам: “Немој да пиеш, ако возиш.” Затоа, испив еден спрајт . Се почувствував горда со себе за, за тоа што го послушав твојот совет , и за разлика од многу мои пријатели бев трезна! Го Направив својот избор, и твоите зборови беа свети за мене.  Кога забавата заврши, луѓето почнаа да се качуваат по своите автомобили, пијани. Јас се качив во мојата кола , и земав неколку пријатели пијани со сигурност дека сум во состојба да возам и да ги однесам дома – живи и здрави .
Тогаш, Мамо, не можев дури ни да замислам што ме очекува. Нешто неочекувано силно ме удри. Сега сум тука легната – на земјата и прости ми ги слушам полицајците да зборуваат: “Момчето, кое го удри овој автомобил е пијан , но е жив е “.
Мамо, гласовите се толку далечни ..! Крвта ми е насекаде и се обидувам со сите сили да не заплачам . Можам да ги чујам и докторите: “Девојката нема да издржи”.
Сигурна сум мамо дека момчето што ме удри, не сакаше да ме рани. Но зошто …? Тој пиел, а јас треба да умрам. Зошто животот е толку неправеден, мамо? Зошто луѓето го прават тоа , знаејќи дека можат да избришат толку животи…?
Мојата болка во моментов е огромна, се едно ме бодат со илјадници ножеви. Мамо, кажи и на сестра ми да не се плаши, кажи му на татко да биде силен. И те молам, оди кај момчето и дај му совет, како што даде на мене. Можеби, ако неговите родители му беа рекле да не пие , сега ќе бев жива, мамо! Здивот ми слабее се повеќе и повеќе, и почнувам да се плашам навистина. Тоа се моите последни моменти и се чувствувам толку сама. Како сакав да можеше да си до мене сега, мамо, додека сум тука на земјата, додека умирам . Сакав да ти кажам толку работи и сакав да ти кажам мамо, дека те сакам толку многу! Ветувам ќе те чувам, ќе бидам твојот ангел, и ќе те бранам како што направи ти. Збогум мамо. “
Дали се замисливте после ова трогателна приказна за несреќното девојче?
Внимавајте што правите и контролирајте ги вашите постапки, пред да биде предоцна!Ова е една трогателна приказна од една сообраќајна несреќа, напишана од новинарка на која настраданата додека умирала,

Пронајдете не на следниве мрежи: