Тројца загинаа при пад на хеликоптер снимајќи реално шоу

Loading...

Тројца загинаа во неделата при пад на хеликоптер во внатрешноста на северниот дел од Лос Анџелес, додека се снимало реално шоу за Discovery Channel, јави Assciated Press.Хеликоптерот се урнал околу 3.40 часот на популарната локација за снимање филмови Полса Роса Ранч во градот Актон.Сите тројца кои биле во хеликоптерот се мртви, а нивните имиња не се веднаш објавени.Шоуто, кое има дозвола за снимање, е на воена тема, а се снимало за телевизиско прикажување, но сé уште не е почнато, велат од Discovery.„Продукциската компанија снимаше за шоуто на Discovery Channel кога се случи несреќата. Сите соработуваме со властите. Нашите мисли и молитви се насочени кон семејствата на загинатите“, вели портпаролот на Discovery.Продукциската компанија Eyeworks USA, изрази сочувство до семејствата на настраданите.Тие имале дозвола за употреба на хеликоптер за потребите на шоуто, кое се снима на ранчот, од саботата попладне до неделата утрото, вели портпаролот на фирмата која ги издава дозволите, FilmLA, Филип Соколоски.Хеликоптерот имал дозвола за учество во снимањето на шоуто и од федералната администрација за авијација.Сé уште не се познати околностите поради кои паднал хеликоптерот .Уште една несреќа од забавната индустрија се случи во септември 2012 година, кога 48-годишен член на екипата почина од срцев удар додека се снимало под вода за филмот што се очекува со Џони Деп во насловната улога – „Осамениот ренџер“.Несреќата од неделата се случи на само 35 километри од несреќата, исто така со пад на хеликоптер, во Санта Клара, каде загина актерот Вик Мороу додека се снимаше филмот „Twilight Zone“ во 1982 година.Таа несреќа доведе до рестрикции за продукциите, а продуцентот Џон Ландис и четворица други биле обвинети за небрежност.Тројца загинаа во неделата при пад на хеликоптер во внатрешноста на северниот дел од Лос Анџелес, додека се снимало реално шоу за Discovery C

loading...
Loading...