Тројца загинати и тројца ранети во престрелка во Лас Вегас

Во престрелката која што во Лас Вегас, во сојузната американска држава Невада, се случила во четвртокот, загинале три лица а најмалку се ранети други три, соопшти локалната полиција.Непознати лица рано наутро по локално време отвориле оган од неколку автомобили во движење на раскрсница пред казината во самиот центар на Лас Вегас.„Утринава, некаде пред 4.30 часот запукано е од автомобили на главната сообраќајница“, изјавил за медиумите началникот на полицијата Џон Шихејн. Додал дека е поведена истрага која треба да утврди кој е одговорен за нападот.Повеќето автомобили кои се користени во нападот подоцна учествувале во сообраќајна несреќа, освен едно теренско возило кое успеало да побегне и по кое полицијата трага, изјавил полициски извор за американската телевизиска мрежа CNN.Возачот на еден од автомобилите загинал, како и возачот и патникот на такси возилото коешто се запалило во сообраќајната несреќа, додал соговорникот на телевизијата. Уште најмалку три лица се задржани во болница.
МакфаксВо престрелката која што во Лас Вегас, во сојузната американска држава Невада, се случила во четвртокот, загинале три

Пронајдете не на следниве мрежи: