Танцовиот спортски клуб „Бранимир и Бранкица“ од Скопје освои 9 златни медали на InterDanceFest Saraevo, танцов натпревар кој се одржа на 18. и 19.04.2015., а на кој учествуваа над 2000 учесници од околу 80 клубови од 8 земји.Бранимир и Бранкица Нешиќ се брат и сестра кои пред 9 години го основаа танцовиот клуб во кој работат како професионални танчери и инструктори. Тие се горди на постигнатиот успех на групите кои се дел од клубот: Strawberries, Blueberries, Cherries, Gentle red, Ragga B, BB'Mama's.
Бранкица Нешиќ вели: „Во оваа танцова сезона сме еден од најнаградуваните клубови. Прво, на- интернационалниот танцов натпревар MACEDONIA OPEN 2015 кој се одржа на 29.03.2015. освоивме 5 први места, а потоа на InterDanceFest Saraevo 2015 освоивме девет први места. Се закитивме со злато во формациски категории во карипски танци, латино танци, зумба формации, Ragga Jam.
Првата и единствена македонска Зумба Формација (во категорија Adult 2) , BB'Mama's ја крена целата публика во Сараево на нозе.
Токму во нашиот клуб „Бранимир и Бранкица“ за првпат во Македонија се танцува Ragga Jam, нов стил кој успешно го презентираше нашата група Ragga B и се закити со две титули и на двата меѓународни турнири.
Сега сме веќе подготвени за претстојното Државно првенство во латиноамерикански и стандардни танци, а ќе продолжиме и со успешно претставување на нашата земја и на следните меѓународни натпревари на кои ќе учествуваме.Бранимир и Бранкица Нешиќ се брат и сестра кои пред 9 години го основаа танцовиот клуб во кој работат како професионални танчери и инструктори. Тие