Argentavis magnificens („фантастична аргентинска птица“ и „фантастична сребрена птица“), е една од најголемите птици кои некогаш постоеле на нашата планета. Овој гигант со неверојатен распон на крилјата е изумрен вид, кој е пронајден на три локалитети од доцниот миоцен.Фосилите од ова суштествo се пронајдени во централна и северозападна Аргентина. Хумерусот на птицата е оштетен, но сепак овозможува приближно прецизна проценка за должината на нејзиниот животен век. Овој вид имал исклучително силни и големи нозе, кои овозможувале да се движи со леснотија.
Експертите веруваат дека оваа птица имала распон на крилјата околу 7 метри и била висока околу 1,5 метри, додека масата на животното изнесувала околу 72 килограми. Просечната старост на овие птици изнесувала помеѓу 50 и 100 години.
Истражувачите покажуваат дека овие птици снесувале едно или две јајца на секои две години. Птиците умирале од длабока старост, незгоди и болести, бидејќи е јасно дека не постоеле предатори кои би претставувале закана за нивниот живот.
Фосилите од ова суштествo се пронајдени во централна и северозападна Аргентина. Хумерусот на птицата е оштетен, но сепак овозможува приближно преци



