Турново „МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ“: УЕФА со специјален прилог за „малото Турново“!!!

„Малото Турново ќе ја бара својата Европска шанса“ – вака стои на официјалниот сајт на УЕФА.
Поздравен и поддржан од најмалата населба во Македонија, „летечкиот“ тим на Турново ќе се соочи со најголемата авантура низ своето 63-годишно постоење.
„Од село, со околу 500 луѓе, во југо-источниот дел на земјата, балканскиот, Турново го поминал своето постоење од најниските лиги па се додека не ја освои титулата во Втората Лига и заигра во Првата лига  2008 година. По 2011/12 сезона во која тие успеале да преживеат испаѓање само преку плеј-оф,  тимот е составен главно од локални таленти, кои се борат повторно и повторно.“
Инаку, македонскиот претставник во Лига Европа во првата рунда се среќава со Судува (Литванија), првиот натпревар го игра токму утре на гостински терен кај овој тим, една недела подоцна Турново е домаќин.
Фото/Извор: fkhorizont-turnovo.com„Малото Турново ќе ја бара својата Европска шанса“ – вака стои на официјалниот сајт на УЕФА.

Пронајдете не на следниве мрежи: