Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска прими делегација од Истанбул- Турција, којашто е заинтересирана за основање на авио компанија, чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор.Гостите во придружба на директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај го информираа градоначалникот Бакрачески дека би воспоставиле летови од Охрид кон Италија, Истанбул, Лондон и Салзбург, а поддршката од Општина Охрид ја очекуваат во делот на субвенционирање на авио летовите. Планираните летови би биле за помал број патници со тоа што би им се понудил поголем комфор и услуга.
Градоначалникот Никола Бакрачески ги информира гостите дека Општина Охрид веќе ја субвенциониара авио линијата Охрид – Лутон со која оперира компанијата „Визер“ два пати во неделата, за што општината има потпишано договор до 2018 година.
Потенцијалните инвеститори се обврзани да достават бизнис план и писмо од интерес до Локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески изрази уверување дека ќе се разгледаат сите можности за субвенционирање преку Владата или со спроведување регионални проекти во кои би се вклучиле и соседните општини.Гостите во придружба на директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај го информираа градоначалникот Бакрачески