Турски погачици со мелено месо: Ќе ве воодушеват, ќе ги правите секој викенд!

Турски погачици со мелено месо: Ќе ве воодушеват, ќе ги правите секој викенд!За тесто:
600г брашно
40г свеж квасец
300мл млеко
50мл масло
сол
За фил
350г мелено месо
1 главица кромид
1 свежа пиперка
1 домат
магдонос
сол, вегета, црвен пипер, бибер…
50мл масло
Подготовка:

 
Растопете го квасецот во малку млеко. Подгрејте го останатото млеко и додадете го. Замесете тесто со сите состојки.
Месете дури не добиете средна мекост, по потреба додавајте уште малку брашно. Оставете да отстои 1 час.
За филот, ситно исецкајте го лукот, пиперката и доматот и додадете го и месото. Додадете ги зачините и мешајте ја смесата со раце 2 минути.
Од тестото направете 12 топчиња. Секое топче набрашнете го и расукајте го до големина на една просечна пица. Ставајте по една супена лажица од филот преку половината од тестото Преклопете со другата половина и свиткајте ги малку краевите.
Во поголемо тавче, растопете малку путер со малку масло. Пржете по 2 погачи од двете страни.
Оставете на кујнска хартија да се впие мрснотијата.
Добар апетит!
Повеќе кулинарски трикови, рецепти, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.За тесто:
600г брашно
40г свеж квасец
300мл млеко
50мл масло
сол
За фил

Пронајдете не на следниве мрежи: