Турскиот премиер и понатаму решен да гради на Таксим

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и понатаму останува на својата одлука да гради на плоштадот Таксим во Истанбул. И покрај протестите на граѓаните на Истанбул кои влијаеа, овие протести да се прошират низ цела Турција, турскиот премиер останува на својата одлука, а обвини дека терористи се вмешани во неколкудневните крвави протести. 
Во изјава пред новинарите во Тунис по средбата со премиерот Али Ларајед, Ердоган посочи дека групи обвинети се одговорни за претходните груби напади, и оти тие манипулираат со тоа што почнало како еколошки протест.
Тој додаде дека неколку членови на терористичка организација учествуваат во демонстрациите.
„Меѓу демонстрантите има екстремисти, некои се вмешани во тероризам и приврзаниците на таа терористичка организација беа на плоштадот Таксим“, истакна Ердоган, спомнувајќи го нападот врз Амбасадата на САД во Анкара во февруари, за кој одговорноста ја презеде левичарска екстремистичка група.
 
Ердоган наведе и дека седум странци се уапсени поради вмешаност во протестите во Истанбул, но не ја наведе нивната националност, додавајќи оти не станува збор за дипломати. Шест од уапсените биле изведени пред обвинител, а еден од нив е во затвор. 
 
Досега двајца демонстранти и еден полицаец загинаа во немирите и судирите.Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и понатаму останува на својата одлука да гради на плоштадот Таксим во Истанбул. И

Пронајдете не на следниве мрежи: