ТУРСКОТО ЦАРСТВО БИЛО ХОМОСЕКСУАЛНО: Истанбул пред 200 години бил полн со гејови

За Османската Империја се знаат многу работи, но постои една интересна црта од оваа држава која е малку позната, а се однесува на една од најконтроверзните појави во современиот свет.Отоманското Царство било едно од најголемите во светот, а ние бевме под негова власт 5 века.
Но, постои една интересна црта на овој султанат и калифат, за која многу малку се знае, но со која се запознаени мал број на академици. Хомосексуалноста била широко распространета, посебно во Стамбол. Сексот помеѓу постар маж и момче или дете, бил многу честа појава.
Средиштето на овие случувања биле амамите, односно турските купатила, во кои работеле млади момчиња кои им помагале на возрасните да се избањаат.
И тоа, не само при бањањето. Во тамошните архиви може да се најде книгата „Белешки за младите телиња“, во кои се спомнуваат најпознатите клиенти на момчињата кои им ги даваат услугите на своите муштерии, како и цената на нивните услуги и колку пати можеле да го доведат клиентот до оргазам.
Дервишите и суфиските мистици исто така биле во врска со „голобрадестите“, што била посебна пракса за духовната реализација. Конзервативните исламски теолози ова го осудувале, бидејќи некои дервиши тврделе дека го виделе Бога додека се бакнувале со момчето-роб. Поголем проблем било тврдењето дека божеството може да се открие преку човечката љубов, отколку преку религијата.

 
Хомосексуалноста не била забранета со закон, всушност дури и султаните се впуштале во вакви афери. Едно од најпознатите шпекулирања се однесува на Мехмед II Освојувачот: на еден Грк му ја отсекол главата бидејќи овој не сакал да му го подари својот 14-годишен син, а тогаш по европските дворови се зборувало дека бил заљубен во Радослав, братот на Влад Тепеш (по кај настанала легендата за Дракула). Постоела и палата во Бурса, во која живееле само момчиња-робови кои им нуделе услуги на владетелите и наследниците на бегот Осман, но за време на походите и јаничарите кои не смееле да се женат (иако од нив ја кршеле оваа забрана; толку многу, што забраната на крај била укината).
Тие не ги жалеле парите кои ги давале за сексуалните услуги, а момчињата им се подавале на оние кои би ја понудиле највисоката понуда. За време на танцот, гледачите би дивееле, кршеле чаши, викале и меѓусебно се тепале и понекогаш се убивале, со цел да ја стекнат наклонетоста на кочекот. Поради насилството кое ги следело, султанот Абдулмеџид I ги забранил кон средината на 19 век.
Знаеме за многу познати кочеци, меѓу кои се наоѓале и луѓе од овие простори. Бујук Афет имал хрватско потекло, Бенли Али бил грчки Ром, Афет Каспар бил од Ерменија, итн. Најпознатиот меѓу нив, на пример, извесен Исмаил, бил букиран и со месеци однапред по многу висока цена.
Секако дека турските историски извори го негираат сето тоа. Што е разбирливо.
Отоманското Царство било едно од најголемите во светот, а ние бевме под негова власт 5 века.
Но, постои една интересна црта на овој султана

Пронајдете не на следниве мрежи: