Тужбата на СДСМ против ДИК е уште еден очајнички потег на давеник

Кога некој се дави и за сламка се фаќа. Тоа е случајот на СДСМ, кој копа со раце и со нозе да ги одложи изборите или ако не успее да ги одложи да створи алиби за катастрофалниот пораз што ги очекува. И денешната тужба против ДИК е уште еден очајнички потез на давеник, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
СДСМ се противат на механизам кој самите го усвоија. СДСМ во 2004 година ги воведува државните хартии од вредност како инструмент за финансирање, пеглање на балансот на буџетот, што впрочем e и нормален начин на функционирање во секоја земја. Потоа издаваат аукции во вредност од десетици милиони евра. Од година во година тие аукции се презапишуваат – се издаваат нови аукции, a се враќаат доспеаните за исплата стари аукции. И сега наеднаш велат не смее да има аукции, не смеат да се издаваат државни хартии од вредност.
Велат дека издавањето на државните хартии од вредност ќе ги попречи претстојните избори. Да потсетиме дека овие аукции се планирани уште со буџетот за 2015 година, изгласан во октомври минатата година, кога не се ни знаеше дека ќе има вонредни парламентарни избори во април 2016.
Целта на СДСМ е да создаде хаос. Очигледно е дека сака да го спречи нормалното функционирање на буџетот. СДСМ сака да не се исплаќаат пензиите на пензионерите, платите на војската, полицијата, здравствените и образовните работници, да не се реализираат капитални проекти, патишта, училишта, болници итн.
И пред изборите во 2013 и 2014 го правеа истото – само со земјоделците. Да потсетиме дека неколку месеци поради барањето на СДСМ на земјоделците не им се исплаќаа субвенции за да потоа истите СДСМ реагираат дека се доцни со исплатата на субвенциите.
СДСМ кога тоне сака се да повлече со себе. Но од желба до реализација има многу.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
СДСМ се противат на механизам кој

Пронајдете не на следниве мрежи: