Тврдење на група физичари: Универзумот претставува џиновски мозок

Идејата за универзумот како „џиновски мозок“ ја понудија научниците и писателите фантастични романи и тоа веќе со децении наназад. Но, сега физичарите велат дека можеби постојат некои докази дека тоа всушност е вистина.Според истражувањето објавено во Nature's Scientific Reports, универзумот може да расте како џиновски мозок преку електрични празнења меѓу „огледални“ мозочни клетки во форма на нови галаксии.
Резултатите од една компјутерска симулација покажуваат дека „природната динамика на растот“ – патот за развој на системите; е ист за различни видови мрежи, без разлика дали станува збор интернетот, човечкиот мозок или универзумот како целина.
Коавторот на истражувањето, Дмитриј Крјуков од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, вели дека овие нови системи се многу различни, но тие се развиле на сличен начин.
– Како резултат, универзумот навистина се развива како мозок, велат научниците.
Истражувањето покренува сериозни прашања за тоа како функционира универзумот, вели Крјуков. „За физичарите ова е непосреден сигнал, но засега не е јасно како тоа функционира во природата“, вели тој.

Истражувачкиот тим го моделираше развојот на раниот Универзум според примерот на Големиот прасок, разгледувајќи како квантните единици на „просторот и времето“, кои се помали од субатомските честички, формираат мрежа во текот на развојот на универзумот.
Тие откриле дека симулацијата е огледало на другите мрежи. Некои врски меѓу аналогните јазли се резултат на ограничен раст, додека други дејствувале како јазли за најразлични врски.
На пример, некои соединенија се ограничени и слични – како човек кој го сака спортот и посетува многу сајтови посветени на спортот, а некои од нив се големи и се поврзуваат со различни делови од мрежата, како што е Google или Yahoo.
Но, тоа не значи дека универзумот „мисли“, туку може само да значи дека има повеќе сличности помеѓу многу малите и многу големите (работи), дури и многу повеќе од она што изгледа на прв поглед.Според истражувањето објавено во Nature's Scientific Reports, универзумот може да расте како џиновски мозок преку електрични празнења меѓу „о

Пронајдете не на следниве мрежи: