Поранешниот државен обвините на иранската престолнина Техеран, Саид Мортазави, близок на претседател Махмуд Ахмадинеџад, е уапсен во понеделникот навечер, јавија во вторникот официјалните ирански медиуми ненаведевајќи ги обвиненијата.
Претседателот Махмуд Ахмадинеџад веста за апсењето на нарекол „срамотен акт” и најави дека со тоа ќе се занимава кога ќе се врати во Техеран од самитот на Организацијата за исламска соработка (OIC) кој се одржува во египетската престолнина Каиро.
Поранешниот обвинител Саид Мортазави бил уапсен доцна вечерта и приведен во затворот Евин во Техеран. Според некои информации тој е под истрага за одговорноста за смртта на неколку протестите во затворот Кахризак.
Тие луѓе биле уапсени како учесници на масовните протести со кои опозицијата и нејзините приврзаници ги прогласија невалидни претседателските избори од 2009 година на кои Ахамдинеџад го доби вториот претседателски мандат.
Мортазави, инаку, во неделата беше во центарот на жолчна расправа во иранскиот парламент во кој претседателот на државата Ахмадинеџад и претседателот на парламентот Али Лиранџани меѓусебно се обвинуваа за корупција, непотизам, неморал, монтирани обвиненија и судски процеси.
Војната меѓу двата највисоки државни функционери во Иран трае со месеци наназад, Ахмадинеџад објави снимка на којашто Фазел Лариџани, братот на претседателот на парламентот, му бара мито на Мортазави за политичка поддршка.
Пратениците го осудија емитувањето на видеозаписот снимен тајно без знаење на лицата инволвирани во случајот.
Ахмадинечад од странство остро го осуди апсењето. „Една личност (Фазел Лариџани) стори прекршок, а другата (Саид Мортазави) поради тоа е уапсена и тоа претставува срамотен чин”, рекол иранскиот претседател цитиран од државната агенција IRNA
Makфакс
Поранешниот државен обвините на иранската престолнина Техеран, Саид Мортазави, близок на претседател Махмуд Ах